МАКЕДОНИЈА ПАК ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ, ОВОЈ ПАТ ЗА ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА ПАК ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ, ОВОЈ ПАТ ЗА ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

    Владата на Македонија повторно ќе се задолжи за да обезбеди пари за справување со штетите од поплавите, објави вчера премиерот Емил Димитриев. Тој најави и уште еден ребаланс на буџетот.

    Државната агенција МИА објави дека Димитриев вети оти на секое семејство што беше поплавено во невремето на 6 август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари.  

    Од буџетот за обештетување на поплавените семејства ќе се издвојат вкупно 32,5 милиони евра, а парите ќе се обезбедат преку ребаланс на буџетот, соопшти   Димитриев. „Се работи за ангажирање на средства што сега ни се на располагање, а кои натаму ќе ги надоместиме со средства од меѓународни институции под многу поволни услови, смета премиерот.

    По посетата на ТИРЗ Скопје 1, премиерот Димитриев објави дека дека Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија ребаланс на Буџетот со кој ќе се обезбедат две милијарди денари кои што се потребни за обештетување на поплавените семејства. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира