МАКЕДОНИЈА ПАТ БАРА ПОМОШ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПОЧНА ДА ГО ЧИСТИ ЃУБРЕТО ОД СТРАЖА

    МАКЕДОНИЈА ПАТ БАРА ПОМОШ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПОЧНА ДА ГО ЧИСТИ ЃУБРЕТО ОД СТРАЖА„Чистиме секој ден, освен вторник, кога не работи дежурната интервентна служба“, вели Гајур Кадриу, директор на ЈП „Македонија пат“.-(фото:СДК.МК)

    Екипи на ЈП„Македонија пат“ во моментов го расчистуваат ѓубрето на патот кон Охрид во делот кај превојот Стража, кое е расфрлано долж патот, како и на околните паркинзи, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Гајур Кадриу.

    Расчистувањето на комуналниот смет, пластични ќеси и шишиња, кои возачите ги исфрлаат од своите автомобили покрај патот, додека чекаат на семафорите кај Стража или ги фрлаат од возилата во движење, почна откако ЈП „Македонија пат“ утрово доби налог од Јавното претпријатие за државни патишта да се исчисти ѓубрето. Ваков налог од ЈП за државни патишта доби и градежната фирма која го гради патот Гостивар-Кичево.

    Оваа акција уследи откако САКАМДАКАЖАМ.МК инсистираше на одговори што ќе преземат надлежните, бидејќи целата околина околу Стража смрди на ѓубре што се распаѓа, како и на мочка, бидејќи патниците не ретко и уринираат врз расфрленото ѓубре.

    Од ЈП за државни патишта рекоа дека денес им дале налог на градежната фирма и на ЈП„Македонија пат“ да го расчистат сметот и во иднина да не дозволат да биде нарушена хигиената.- (Фото: СДК.МК)

    Од ЈП за државни патишта рекоа дека денес им дале налог на градежната фирма и на ЈП„Македонија пат“ да го расчистат сметот и во иднина да не дозволат да биде нарушена хигиената.

    Директорот на ЈП„Македонија пат“ Гајур Кадриу денес претпладне не беше достапен на неговиот мобилен да каже зошто ѓубрето не е расчистено, а во претпријатието ни рекоа дека нема кој да ни одговори бидејќи никој не е на работи поради верскиот празник Богородица. Тој денес попладне се јави со одговор, во кој вели:

    „Согласно нашите технички можности редовно чистиме секој ден, освен вторник, кога дежурната интервентна служба не работи“.

    Кадриу за истиот проблем пред околу месец и половина кажа дека на оваа делница собрале пет камиони ѓубре и апелираше до граѓаните да не го фрлаат сметот на патот туку во кантите за отпадоци што се поставени покрај патот и на паркинзите. Тој и тогаш и сега бара помош од полицијата и од комуналната инспекција да излезат на терен и да ги казнуваат несовесните граѓани, бидејќи не можат да постигнат да го исчистат сето ѓубре што луѓето ќе го фрлат на патот.

    „Немаме увид дали и колку полицијата и комуналните инспектори казнуваат“, вели Кадриу.

    Е. БАЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира