МАКЕДОНИЈА СО СИЛА Е ВНЕСЕНА ВО НАТО, ОБВИНИ РУСИЈА

    МАКЕДОНИЈА СО СИЛА Е ВНЕСЕНА ВО НАТО, ОБВИНИ РУСИЈАГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата. (Фото: Влада)

    Руското министерство за надворешни работи обвини дека Македонија е внесена во воената алијанса НАТО со сила и вели дека таквите потези ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат тензиите во Европа.

    Лидерите на НАТО вчера се договорија да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за членство во Алијанската по договорот за името со Грција.

    „Внесувањето во НАТО со сила на Македонија само потврдува дека политиката на ’отворени врати‘ стана цел сама за себе и алатка да се стекне контрола врз геополитичка територија“, соопшти руското МНР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира