МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВА ВО СИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ШТО ГАРАНТИРААТ БЕЗБЕДНОСТ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН, РЕЧЕ СПАСОВСКИ

    МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВА ВО СИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ШТО ГАРАНТИРААТ БЕЗБЕДНОСТ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН, РЕЧЕ СПАСОВСКИАмбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние рече дека ова е многу значајна француско-германска иницијатива која што била започната во текот на самитот на Берлинскиот процес во Трст. (Фото: К. Попов)

    Македонија учествува во сите иницијативи што се предвидени за земјите кандидати за членство во Европската унија што гарантираат безбедност посебно во рамките на иницијативата за уништување на оружјето со мал калибар во земјите од Западниот Балкан, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „Оваа иницијатива како дел од Берлинскиот процес и овие семинари што се спроведуваат, особено за борбата против оружјето со мал калибар. Знаеме дека еден добар дел од ваквото оружје се наоѓа во земјите на Западен Балкан. Постојат и други иницијативи што ќе ја подобрат ефикасноста на институциите и мене ми е чест што имаме можност што со поддршка на Франција и Германија да го реализираме овој проект“, рече Спасовски, пред започнувањето на почетокот на состанокот на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан.

    Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние рече дека ова е многу значајна француско-германска иницијатива која што била започната во текот на самитот на Берлинскиот процес во Трст.

    „Целта е да се ослободи просторот на Балканот од лесното оружје што циркулира без контрола. Ова е многу значаен настан. Многу сме задоволни што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прифати да го отвори овој семинар и на тој начин македонските власти да покажат колку е важно борбата против илегалното оружје со мал калибар“, рече Тимоние.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари