МАКЕДОНИЈА ВО ДРУШТВО СО АВГАНИСТАН СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:293:"Налистаtaнавлијателнатаорганизација,МакедонијаеводруштвосоАвганистан,Бангладеш,Гамбија,Ирак,Нагорно-Карабах(Азербејџан),РепубликаКонгоиСирија.";s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА ВО ДРУШТВО СО АВГАНИСТАН СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА

    Меѓународната кризна група (ИЦГ), на својата редовна месечна листа за надзор на кризи и конфликти во целиот свет ја стави Македонија меѓу земјите каде состојбата се влошува.

    На оваа листа на влијателната организација, објавена денеска попладне (2 мај), Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија.

    Меѓународната кризна група е влијателна независна, непрофитна, невладина организација посветена на разрешување смртоносни конфликти, со екипи на 5 континенти. ИЦГ има канцеларии во Брисел, Вашингтон, Њујорк и Пекинг и пристап и влијание врз највисоките нивоа на владите на САД и ЕУ, како и во ОН, ЕУ и НАТО.

    Според ИЦГ, политичката криза во Македонија е влошена, што предизвика масовна домашна и меѓународна критика и повеќедневни протести. Се посочуваат настаните во текот на април, од најавата на СДСМ дека ќе ги бојкотира изборите на 5 јуни затоа што не се исполнети реформите на медиумите и прочистувањето на изборниот список, преку аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов на политичари под кривична истрага за криминал произлезен од аферата со прислушувањето и  попречување на работата на Специјалното обвинителство, па протестите, смртта на сведокот на СЈО Коста Крпач кој беше најден дома застрелан во гради на 27 април, па се до последниот извештај на Фридом хаус, според кој Македонија е оквалификувана како „неслободна земја“ во врска со слободата на медиумите.

    Во Македонија Меѓународната кризна група (ИЦГ) со свои претставници на теренот беше активна во времето на конфликтот во 2001.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари