МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА СВЕТЛАНА ГЕЛЕВА Е МЕЃУ „75 ЖЕНИ ВО 75 ГОДИНИ ИСТОРИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА“

    МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА СВЕТЛАНА ГЕЛЕВА Е МЕЃУ „75 ЖЕНИ ВО 75 ГОДИНИ ИСТОРИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА“Оваа недела, амбасадорката Гелева е во петорката со Дора Бакојани од Грција, Хелга Педерсен од Данска, Елжбиета Франков-Јашкиевич од Полска и Дагмар Хајндлер од Австрија. (Фото: Принтскрин од Совет на Европа)

    Македонската амбасадорка во Советот на Европа Светлана Гелева е меѓу 75 жени значајни за историјата на Советот на Европа. Станува збор за кампања „75 жени во 75 години историја на Советот на Европа“ на Постојаната мисија на Европската унија во Стразбур. Секоја недела се промовираат по пет жени кои во текот на 75 години придонеле за значајна работа на Советот на Европа.

    Сите 75 жени, од кои дел и починати, во текот на својот живот работеле во или со различни ентитети на Советот на Европа во различни периоди, но со иста цел: промовирање на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

    Оваа недела, амбасадорката Гелева е во петорката со Дора Бакојани од Грција, Хелга Педерсен од Данска, Елжбиета Франков-Јашкиевич од Полска и Дагмар Хајндлер од Австрија.

    Во претставувањето на Гелева се вели дека „ја посветила речиси целата своја дипломатска кариера работејќи на прашања за Советот на Европа, со што станува една од најистакнатите експерти за Советот на Европа во нејзината земја. Позната е по нејзината силна посветеност на вредностите и стандардите на Организацијата и застапува целосна имплементација на национално ниво“.

    Амбасадорката Гелева е дипломатка од кариера, која целиот професионален ангажман од 1993 го има минато во македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Во моментов е шеф на Постојаната мисија на Северна Македонија во Советот на Европа во Стразбур.

    Овој проект на Мисијата на Европската унија во Стразбур е организиран во соработка со Постојаните мисии на Холандија и Обединетото Кралство во Советот на Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира