Едно лице загинало, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Турција, меѓу шлепер и автобус од Македонија, јавуваат турските медиуми.
Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот, автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.
Повредените патници биле префрлени на лекување во најблиската болница во Малкара, а тие што минале со полесни повреди останале на местото на несреќата.
Во автобусот имало двајца возачи и 39 патници. Несреќата се случила откако автобусот одзади го удрил шлеперот. Причината за несреќата сè уште не е позната.
МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗАГИНА И НЕКОЛКУ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА АВТОБУС И ШЛЕПЕР ВО ТУРЦИЈА
a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Малкара,(Мета)