Македонските војници кои се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан УНИФИЛ се безбедни и сигурни по огромната експлозија што го стресе главнот град Бејрут вчера попладне, соопшти Министерството за одбрана.
„Во мисијата во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут“, велат од Министерството за одбрана.
По вчерашната експлозија близу пристаништето во Бејрут има повредени морнарички мировници во мисијата УНИФИЛ на ОН.
Во експозијата загинаа 100, а повредени се над 4.000 луѓе. Спасувачките тимови копаат под урнатините барајќи преживеани, но властите и екипите на Црвниот крст очекуваат бројката на загинати да расте.
Градоначалникот на Бејрут Џамал Итани по увидот на штетите од експлозијата изјави дека состојбата е како воена зона, а штетата ќе изнесува милијарди долари.
А. АНТЕВСКА