МАРКЕТИТЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ИМААТ АКЦИИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ НА ПРОМОЦИИ ДО 30 НОЕМВРИ, ОДЛУЧИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

    МАРКЕТИТЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ИМААТ АКЦИИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ НА ПРОМОЦИИ ДО 30 НОЕМВРИ, ОДЛУЧИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈАОд идната недела ќе следи и замрзнување на цените на прехранбените производи и со тоа ќе има намалување на цените најмалку за 10 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Маркетите нема да смеат да имаат акции или промоции на одредени производи, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка се воведува оти трговците на овој начин правеле злоупотреби со цените, а на граѓаните им се продавале производи со краток рок.

    Ова може изгледа како чудна одлука, оти се чини дека ќе им скратиме на граѓаните одредени права, но не е така. Акциите ќе бидат забранети до 30 ноември. Покрај оваа мерка од идната недела ќе следи и замрзнување на цените на прехранбените производи и со тоа ќе има намалување на цените најмалку за 10 отсто“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

    Одлуката за замрзнување на цените ќе биде донесена наредбата недела. Министерот Бектеши утре ќе има средба и со газдите на маркетите да им ги најави новите мерки.

    Вицепремиерот Фатмир Бетиќи денес кажа дека храната на берзанските цени во ЕУ е зголемена за 11 отсто, а кај нас е зголемена за 46 отсто, што не е етички.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира