МАРШ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗА СЛОБОДА НА МРТВ

    МАРШ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗА СЛОБОДА НА МРТВ

    Демонстрантите од Шарената револуција, многу помалку од вчера, маршираат низ центарот на Скопје. Тие тргнаа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и се движат кон зградата на јавниот дифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТВ), јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Во Скопје околу 18 часот врнеше многу дожд, но сега врне помалку и организаторите од здруженето Протестирам очекуваат дека пред зградата на МРТВ ќе им се придружат повеќе граѓани.

    „Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните!“, објави здружението Протестирам најавувајќи го вечерашниот протест.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари