МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ОД ОРТОПЕДИЈА КОЈА СЕ ВРАТИЛА ОД РИМ ВООПШТО НЕ ДОЈДЕ НА РАБОТА И СЕ САМОИЗОЛИРАЛА, ВЕЛИ РАКОВОДИТЕЛОТ НА КЛИНИКАТА ВИКТОР КАМНАР

    МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ОД ОРТОПЕДИЈА КОЈА СЕ ВРАТИЛА ОД РИМ ВООПШТО НЕ ДОЈДЕ НА РАБОТА И СЕ САМОИЗОЛИРАЛА, ВЕЛИ РАКОВОДИТЕЛОТ НА КЛИНИКАТА ВИКТОР КАМНАРПрименети сите протоколи и препораки препорачани од Центарот за јавно здравје за вакви ситуации со граѓани кои доаѓаат од земји со висок ризик за коронавирус.- операциона сала во Клиниката за ортопедски болести. (Фото: К. Попов)

    Медицинската сестра, која пред една недела се вратила од Рим преку Солун, веднаш се пријавила и не дошла на работа, велат од Клиниката за ортопедски болести, откако на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче беше прашан дали знае за „некоја докторка од Ортопедија, која со ќерка си се вратила од Рим преку Солун и не се пријавила за самоизолација“.

    „Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија пред една недела била во Рим, се вратила преку Солун, се пријави дека е вратена во земјата и се јави дека нема да дојде на работа за да се самоизолира, како што предвидуваат протоколите. Случајот е веднаш пријавен во Центарот за јавно здравје и за тоа постои уредна документација“, изјави д-р Виктор Камнар, раководител на Клиниката за ортопедија.

    Тој потврди дека се применети сите протоколи и препораки препорачани од Центарот за јавно здравје за вакви ситуации со граѓани кои доаѓаат од земји со висок ризик за коронавирус.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира