Рамиз Мерко, кандидатот на ДУИ, се враќа на градоначалничата функција во Струга, откако освои над 500 гласови повеќе од својот најголем ривал Зијадин Села.
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори, актуелниот министер без ресор во Владата на Зоран Заев освоил 13.718 гласови, додека кандидатот на Алијанса за Албанците добил 13.143.
Мерко беше градоначалник на Струга од 2005 до 2013 година, по што беше наследен токму од Села.