МЕСТО ДОСЕГА ДВАПАТИ ДА ЗАВРШЕШЕ, СУДЕЊЕТО ЗА НАРАЧАНИТЕ ШАМАРИ ЗА ЖЕРНОВСКИ ПОЧНУВА ОДНОВО

    МЕСТО ДОСЕГА ДВАПАТИ ДА ЗАВРШЕШЕ, СУДЕЊЕТО ЗА НАРАЧАНИТЕ ШАМАРИ ЗА ЖЕРНОВСКИ ПОЧНУВА ОДНОВОПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски утринава пристигна во Основниот суд Скопје 1 за судењето за случајот на СЈО „Наисилство во Општина Центар“. (Фото: СДК.МК)

    По две изгубени години под водство на судијката Татјана Михајлова, зашто во нејзино време воопшто не ни почна главната расправа, сега новиот судија на случајот на СЈО „Насилство во Општина Центар“, каде што обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески, го врати судењето на почеток.

    Место да се завршеше ова судење кое е по обвинителен предлог, а не по обвинение, што значи е брза и штедлива постапка, денеска новиот судија на овој случај Душан Јосифов, повторно ги идентификуваше обвинетите, повторно ќе ги прашува дали се чувствуваат виновни, сè ќе прави одново.

    Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, на барање на обвинетите и адвокатите, по вторпат го образложува обвинението, кое веќе им го презентираше пред Михајлова. Додека го образложува, обвинетите и дофрлуваат од позадина, за што таа реагираше пред судијата Јосифов.

    За учество во насилствата во општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, покрај Груевски и Јанакиески како организатори, обвинети се уште 12 лица. Од нив двајца веќе го признаа делото и се условно осудени, а за едно лице се води издвоена постапка. СЈО поднесоа и претставка за разрешување на судијката Татјана Михајлова за намерно развлекување на овој судски процес, кој требаше да заврши за неколку месеци, но претставката беше одбиена. Михајлова е сменета со новиот распоред во Кривичниот суд. Новиот судија на овој случај, по закон, мора да го почне процесот одново.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира