МИ ТРЕБА ПАСОШОТ ЗА ДА КУПУВАМ ЛЕКОВИ ОД СТРАНСТВО, СЕ ПОЖАЛИ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ

    МИ ТРЕБА ПАСОШОТ ЗА ДА КУПУВАМ ЛЕКОВИ ОД СТРАНСТВО, СЕ ПОЖАЛИ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИОсновниот суд Скопје 1 му го одзеде пасошот на Љупчо Георгиевски, обвинет во случајот „Траекторија“ на СЈО. - Љупчо Георгиевски на денешната јавна расправа во Апелациониот суд (Фото: СДК.МК)

    По жалба на обвинетиот Љупчо Георгиевски во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, за проневерени 156 милиони евра државни пари од изградбата на кинеските автопати, почна јавната расправа во Апелациониот суд Скопје.

    Георгиевски се жали дека му е одземен пасошот од страна на кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, како мерка поради опасност од бегство од Македонија. СЈО смета дека оваа мерка треба да остане во сила, а ако има обвинетиот потреба од патување во странство, ова обвинителство ќе му го дозволи тоа, рече специјалниот обвинител Гаврил Бубевски, кој го застапува СЈО со Стевчо Донев.

    Во жалбата, Георгиевски наведува дека често патувал оти поради болест, морал да купува лекови кои што се продаваат само во земјите на ЕУ.

    Тука прекина расправата, а одлука по жалбата кривичниот совет на Скопска апелација треба да донесе во наредните денови. Сега следи нова седница, каде жалител против истата изречена мерка е поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски. Третообвинет е Миле Јанакиески, а посебен обвинителен предлог во „Траекторија“ има и против Никола Груевски, за незаконито примање награда, т.е. провизија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира