МИХАЈЛОВА МЕ СУСПЕНДИРА, ПАНЧЕВСКИ МИ МЕСТИ АПСЕЊЕ, ТВРДИ ТУЖИТЕЛОТ ЗА МОБИНГ СТАМЕНКОВСКИ ПРЕД ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИХАЈЛОВА МЕ СУСПЕНДИРА, ПАНЧЕВСКИ МИ МЕСТИ АПСЕЊЕ, ТВРДИ ТУЖИТЕЛОТ ЗА МОБИНГ СТАМЕНКОВСКИ ПРЕД ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ

    Судењето за мобинг по тужбата што му ја поднесе поранешниот раководител на човечки ресурси Горан Стаменковски на поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, е закажано во Основниот суд Скопје 2 за денеска.

    Во меѓувреме во Кривичниот суд се разгорела вистинска војна, во која според тврдењето на жртвата на мобинг се вмешала и в.д. претседателката Татјана Михајлова.
    Според тужителот Стаменковски, по покренатата дисциплинска постапка против него, за инцидентот со портпаролката на Основниот суд Скопје 1 Паула Костадиновска, му било кажано дека комисијата во судот одлучила да биде казнет одреден број месеци со одреден процент од платата.

    Но, место тоа, тврди Стаменковски за САКАМДАКАЖАМ.МК, в.д. претседателката Татјана Михајлова го известила дека всушност ќе добие друго решение по спроведената дисциплинска постапка против него. Според тоа решение, тој ќе биде суспендиран и отстранет од работното место и од Кривичниот суд, до правосилноста на решението. Стаменковски најавува кривична пријава против в.д. претседателката Михајлова.

    Тој на својот фејсбук профил ден пред судењето напиша дека Панчевски му мести апсење со полиција, а за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека стои зад напишаното.

    Во вторникот беше објавен новиот годишен распоред за работата на судиите во најголемиот суд во Македонија, според кој сите судии потпишани на петицијата против работењето на експретседателот Панчевски и сите кои сведочеле во Судскиот совет со примери за негово незаконско и неделовничко работење и однесување контра кодексот во судството, се распоредени во оддели во кои нема да имаат шанса да имаат допир со предметите на Специјалното јавно обвинителство поврзани со прислушуваните разговори. Добар дел од прераспределените ќе бидат и физички тргнати од зградата на Кривичниот суд и на работа ќе одат во Судот за прекршоци во Градскиот парк.

    До вчера распоредот не бил потпишан од в.д. претседателката Михајлова, тврдат деградираните судии.

    Судијата Оља Ристова за САКАМДАКАЖАМ.МК обвини дека зад нејзиното прераспоредување во одделот за прекршоци стои поранешниот претседател Панчевски, заради тоа што не гласала за отфрлање на бомбите на опозицијата како доказ. Второто прераспоредување во Одделот за прекршоци, вели таа, е поради критичките статуси на фејсбук профилот на нејзиниот брат, новинарот Боби Илиевски, за што била предупредена од Панчевски да му забрани да пишува.
    И деградираниот долгогодишен судија Седат Реџепагиќ, пак, за порталот НоваТВ изјави дека зад тој нов распоред не стои ве-детката Михајлова, туку лично експретседателот Панчевски.

    Настрадаа и судиите од претходна постапка кои ги одобрија барањата и мерките на СЈО. Тие се целосно тргнати од истрагата.
    Панчевски и колегите судии си поднесуваат, тој против нив, тие против него, претставки за разрешување пред Советот за факти. Само Стаменковски, кој не е судија, има поднесено тужба за мобинг, што воедно е и прва тужба за ова кривично дело против (поранешен) претседател на суд.

    На 28 декември лани, Основниот суд Скопје 2 ја прифати приватната тужба за мобинг поднесена од Стаменковски. Првото рочиште беше одложено, бидејќи се уште не е готово вештачењето за мобинг.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира