МИЈАЛКОВ ИЗБЕГА ОД НОВИНАРИТЕ ПО РАСПИТОТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИЈАЛКОВ ИЗБЕГА ОД НОВИНАРИТЕ ПО РАСПИТОТ ВО СЈО

    Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, пред да влезе денеска на распит во Специјалното обвинителство рече дека ќе даде изјава кога ќе заврши со давањето исказ пред обвинителот, но на излегување рече дека тоа ќе го стори во некоја следна прилика. Новинарите буквално трчаа по него, бидејќи беше прилика за првпат да даде и тој изјава не само за денешниот распит за случајот „Тортура“, туку и за истрагите во врска со случаите „Трезор“ и „Тврдина“.

    И оваа истрага СЈО не сака да ја коментира, но неофицијално, денеска Мијалков, како првоосомничен, бил на распит за случајот „Тортура“, во врска со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи  и лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Бошкоски ја отслужи затворската казна за незаконско финансирање на изборната кампања во 2011, но СЈО поведе постапка за тортура и нечовечно и понижувачко постапување при неговото лишување од слобода. Во „Тортура“ има шестмина осомничени. Покрај Мијалков, осомничен е и командирот на полициската единица „Алфи“ Ивица Антевски – Пуки. По амнестијата на 56-темина осомничени и сведоци, Антевски беше вратен назад на чело на полициските алфи, а од 29 септември, со одлука на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој пак е разрешен и сега е дополнителен заменик-началник на оваа единица. Случајот „Тортура“ СЈО го отвори на 28 март оваа година.

    Единствено за Мијалков СЈО не бара притвор или други мерки за претпазливост со образложение дека не постои опасност од бегство, а за другите шестмина осомничени кои се вработени во Министерството за внатрешни работи беше поднесен предлог за определување забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

    Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, еден ден по изборите, под сомневање за нелегално финансирање на предизборната кампања на неговата партија. За делото тој беше осуден на петгодишна затворска казна, која ја отслужи во целост и на почетокот на јуни оваа години беше пуштен на слобода од затворот „Идризово“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира