МИЈАЛКОВ КОМОТЕН, СУДЕЊЕТО ЗА ТОРТУРА ВРЗ ЉУБЕ БОШКОСКИ ЌЕ ПОЧНУВА ОДНОВО ЗАШТО ПОРОТНИК ДАЛ ОСТАВКА

    МИЈАЛКОВ КОМОТЕН, СУДЕЊЕТО ЗА ТОРТУРА ВРЗ ЉУБЕ БОШКОСКИ ЌЕ ПОЧНУВА ОДНОВО ЗАШТО ПОРОТНИК ДАЛ ОСТАВКАЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков е еден од обвинетите во случајот „Тортура“ (Фото: СДК.МК)

    Судскиот процес за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година по наредба на обвинетиот Сашо Мијалков по две и пол години се враќа на почеток, зашто поротник во советот ненадејно дал отказ.

    Не се знае причината за ненадејниот отказ од советот, кој судењето за „Тортура” го приведуваше кон крајот. Се знае дека поротниците се незадоволни од хонорарите што ги добиваат како членови на судските совети.

    Со тоа, според законот, ќе мора да се почне од воведни зборови, да се изнесат одново сите докази, бомби и телевизиски снимки како ‘алфите‘ го апсат Бошкоски со вперен пиштол во главата, го снимаат провладините телевизии на ВМРО-ДПМНЕ, па потоа го враќаат назад за да го апсат одново, затоа што снимките првиот пат не биле многу ефектни. Одново ќе се сослушуваат сите веќе сослушани сведоци.

    Судијката која го води процесот Александра Ристеска е болна, па друга судијка од Кривичниот суд дојде и го одложи судењето за 22 октомври 2019. За тоа време истекува и паузата од 90 дена на „Тортура”, за да се повтори досега сработеното и од оваа причина.

    Во случајот „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, тогашниот командант на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина „алфи“.

    Ова обвинение продолжи да го застапува обвинителот од бившото СЈО Љубомир Лапе.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира