МИЈАЛКОВ НЕ УСПЕА ДА СЕ СПАСИ ОД „ТВРДИНА-ТАРГЕТ” СО АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ

    МИЈАЛКОВ НЕ УСПЕА ДА СЕ СПАСИ ОД „ТВРДИНА-ТАРГЕТ” СО АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВОбвинетиот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков на денешното судење за случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО за масовното нелегално прислушување (Фото: Ѓ. Личовски)

    Судијката Џенета Бегтовиќ од Основниот суд Скопје 1 ги одби предлозите на обвинетите ексдиректор на УБК Сашо Мијалков и на Валентина Симоновска од УБК да бидат прекинати постапките против нив за масовното нелегално прислушување во случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО. Тие на минатото рочиште побараа да бидат изземени од „Тврдина-Таргет“ зашто биле аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов.

    За нивната аболиција рече Бегтовиќ, судот веќе решавал и се изјаснил во претходните постапки.

    На 19 јуни, Судот ги издвои во посебна постапка избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и Гордана Јанкулоска, која тогаш беше со ризична бременост, но СЈО побара денеска да се врати таа во овој предмет, бидејќи се породи и се јавува на други судења.

    Обвинетите Владимир Варелов (со чиј идентитет Грујевски избега од Македонија), Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Надица Николиќ од УБК, не беа на списокот на аболицирани на Иванов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари