МИЈАЛКОВ ПАК ФАТИЛ КОВИД, КАМЧЕВ ДОЈДЕ ВО СУД И СЕ ВРАТИ НАЗАД

    МИЈАЛКОВ ПАК ФАТИЛ КОВИД, КАМЧЕВ ДОЈДЕ ВО СУД И СЕ ВРАТИ НАЗАДПозитивни биле и адвокатите на Мијалков, како и еден од петтемина бранители на Камчев. - Обвинетиот Јордан Камчев на судење за „Плацеви на Водно“ (Фото: СДК.МК)

    Од двајцата ослободени пред Нова Година од притвор, обвинети во „Плацеви на Водно” Јордан Камчев и Сашо Мијалков, на првото продолжение на судењето на слобода, денеска дојде само Камчев.

    Мијалков не дојде, позитивен е на коронавирус. Ако појави симптоми, ќе седи во изолација 20-ина дена, ако не, 10, го прочита судијата решението од Државниот санитарен инспекторат. Мијалков беше позитивен на коронавирус во октомври 2020, кога исто така беше одложувано судењето.

    Позитивни биле и неговите адвокати, како и еден од петтемина бранители на Камчев.

    Останатите обвинети, освен Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, беа присутни.

    Денеска требаше да сведочат телохранителот на Груевски, Дејан Митревски – Урко и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

    Овој судски процес е за плацевите што ги купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, неурбанизирани за 1,2 милиони евра, со пари за кои е обвинет дека ги украл од членарините на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ што мислеле дека даваат за партијата.

    Тие пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Груевски, според обвинението, ги испрал со помош на сообвинетите: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, кумот на Груевски Ристо Новачевски, адвокатот на Орце Ненад Јосифовиќ и мајката Ратка Куновска – Камчева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира