МИЈАЛКОВ САКА ДА МИ СЕ ИЗВИНИ, ЈАС СУМ ДЕМОХРИСТИЈАНИН, ПРОСТУВАМ НО НЕ ЗАБОРАВАМ, ТВРДИ ЉУБЕ БОШКОСКИ

    МИЈАЛКОВ САКА ДА МИ СЕ ИЗВИНИ, ЈАС СУМ ДЕМОХРИСТИЈАНИН, ПРОСТУВАМ НО НЕ ЗАБОРАВАМ, ТВРДИ ЉУБЕ БОШКОСКИСудењето се одложи за 13 јуни, зашто немало слободни судници. - Мијалков на денешното рочиште за „Тортура“ (Фото: М. Златевска)

    Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во случајот на СЈО „Тортура“, се поздравил во фоајето на Основниот суд Скопје 1 со оштетениот Љубе Бошкоски, брутално уапсен веднаш по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

    На новинарско прашање, Бошкоски потврди дека се ракувале на иницијатива на Мијалков, за кој рече дека сакал да му се извини.

    „За разлика од нив, ние ја имаме таа демохристијанска линија за простување. Но, не смееме да го заборавиме тој страшен режим на ВМРО ДПМНЕ и сè она што ни го направи“, рече Бошкоски.

    Ова рочиште се одложи по третпат и никако да почне. Овојпат се разболе третообвинетиот Новица Станковски. Обвинителите Гаврил Бубевски и Љубомир Лапе не беа задоволни од нејасното оправдание на обвинетиот, но не побараа тој да биде изземен од постапката и судењето да почне без него. Во документот имаше наведено само шифра на болест, што може само медицинско лице да ја протолкува. Судењето се одложи за 13 јуни, зашто немало слободни судници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира