МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КИРИЛ БОЖИНОВСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР, СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ИМ ГИ ОДБИ ЖАЛБИТЕ

    МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КИРИЛ БОЖИНОВСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР, СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ИМ ГИ ОДБИ ЖАЛБИТЕОбвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески на вчерашната јавна седница на Апелациониот суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници вчера, ги одби денеска жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на мерките притвор во траење од по 30 дена за предметот на СЈО „Титаник“, соопшти Апелациониот суд Скопје.

    Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова вчера рече дека на 13 ноември 2018 година, Јанакиески се спремал да бега од Македонија, а истото Управата за безбедност и контраразузнавање го констатирала и за Кирил Божиновки.

    Ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, се обвинети во големиот случај на СЈО за серија изборни нерегуларности „Титаник“, а Јанакиески уште и во: „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Насилство и шамари во Центар“ и во „Талир“. Двајцата беа притворени на 14 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира