МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА СТЕФОСКА Е ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОТИ ЧЛЕН НА КАБИНЕТОТ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА СТЕФОСКА Е ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОТИ ЧЛЕН НА КАБИНЕТОТ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19„Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи“, објави на Фесбук министерката Ирена Стефоска. (Фото: К. Попов)

    Министерката за култура Ирена Стефоска од денеска е во самоизолација откако член од нејзиниот кабинет е позитивен на ковид-19, објави таа на Фејсбук.

    „Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние кои се борат со ковид-19 им посакувам побрзо опоравување, да останат силни и истрајни“, вели Стефоска.

    Стефоска на министерската функција стапи на 31 август откако беше изгласана новата влада. Таа викендов беше во Прилеп каде ја посети Могилата на непобедените, прва од нејзините најавени посети на спомениците од НОВ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира