МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАМинистерот Асаф Адеми кажа дека уште на 22 април побарал од лидерот на неговата партија Алтернатива Африм Гаши да се повлече поради здравствени причини. (Фото: К. Попов)

    Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка, објавувајќи ја одлуката во партиското седиште на неговата партија Алтернатива (поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши).

    Обраќајќи се прво на албански јазик, Адеми рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

    „Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антикорупциската комисија“, изјави Адеми.

    На новинарско прашање дали местото министер за култура останува во Алтернатива, Адеми рече дека останува, но премиерот Зоран Заев и Гаши дополнително ќе се договорат. Адеми ќе остане на функцијата додека не дојде новиот министер и рече дека ќе му стои на располагање..

    Адеми кажа дека неговата оставка не е врзана со чистката на Заев, туку за неа се разговарало изминативе 2- 3 месеци.

    Кој ќе го замени министерот за култура Асаф Адеми, кој денеска поднесе оставка, ќе зависи од кадрите кои ќе бидат понудени, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ова место останува на Алтернатива или некоја друга партија од коалицијата ќе го добие. Тој рече дека денес имал најава дека од министерот Адеми дека ќе поднесе оставка и дека ова го најавувал веќе подолго време.

    „Му благодарам што остана до завршување на изборите и денес ќе испиеме кафе. Имам разбирање за неговата здравствена состојба и му пожелувам се најдобро понатаму во животот“, рече Заев.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира