Министерот за правда Кренар Лога од Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин денеска ги слушнал проблемите на Македонците во Бугарија. Ова е првпат министер за правда да повика и да се сретне претставници на ОМО Илинден Пирен, вели Сојков.
На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали само го слушал и се запознавал со статусот и правата на Македонците во Бугарија, Стојков одговори дека Лога изразил желба и подготвеност да се заложи конкретно за спроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права и слободи и со тоа да помогне ОМО Илинден да се регистрира.
„Министерот Лога кажа дека ќе го постави прашањето за неспроведените пресуди, пред соодветните меѓународни институции. Треба и македонската дипломатија да се заложи, а не само министерот за правда“, вели копретседателот на ОМО Илинден Пирин.
Стојков вели дека го информирал Лога за 14-те пресуди од Судот во Стразбур, за дискриминацијата на Македонците во Бугарија, за правните аспекти и за други состојби.
„Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори“, соопшти и министерот Лога.
За спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права е надлежен Комитетот за министри на Советот на Европа.
С. К. ДЕЛЕВСКА