МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЛОГА ЌЕ ГО ПОСТАВИ ПРЕД ЕВРОПА ПРАШАЊЕТО ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРЕСУДИТЕ ВО БУГАРИЈА ЗА ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЛОГА ЌЕ ГО ПОСТАВИ ПРЕД ЕВРОПА ПРАШАЊЕТО ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРЕСУДИТЕ ВО БУГАРИЈА ЗА ОМО ИЛИНДЕН ПИРИНТреба и македонската дипломатија да се заложи, а не само министерот за правда, смета Стојков, копретседател на ОМО Илинден (Фото: Министерство за правда)

    Министерот за правда Кренар Лога од Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин денеска ги слушнал проблемите на Македонците во Бугарија. Ова е првпат министер за правда да повика и да се сретне претставници на ОМО Илинден Пирен, вели Сојков.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали само го слушал и се запознавал со статусот и правата на Македонците во Бугарија, Стојков одговори дека Лога изразил желба и подготвеност да се заложи конкретно за спроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права и слободи и со тоа да помогне ОМО Илинден да се регистрира.

    Министерот Лога кажа дека ќе го постави прашањето за неспроведените пресуди, пред соодветните меѓународни институции. Треба и македонската дипломатија да се заложи, а не само министерот за правда“, вели копретседателот на ОМО Илинден Пирин.

    Стојков вели дека го информирал Лога за 14-те пресуди од Судот во Стразбур, за дискриминацијата на Македонците во Бугарија, за правните аспекти и за други состојби.

    „Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори“, соопшти и министерот Лога.

    За спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права е надлежен Комитетот за министри на Советот на Европа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира