МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЛОГА ПОСАКУВА СУДСКИОТ СОВЕТ ДА ВОДИ ГРИЖА ЗА УГЛЕДОТ НА СУДСТВОТО

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЛОГА ПОСАКУВА СУДСКИОТ СОВЕТ ДА ВОДИ ГРИЖА ЗА УГЛЕДОТ НА СУДСТВОТОНа вчерашната седница на Судскиот совет, спротивно на законот и деловникот беше разрешена претседателката Весна Дамева, на предлог на нејзиниот заменик Селим Адеми. - Министерот за правда Кренар Лога (Фото: СДК.МК)

    По претседателот Стево Пендаровски, за хаосот во Судскиот совет се огласи и министерот за правда Кренар Лога, кој се надева и посакува да се надмине ситуацијата и Судскиот совет биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството.

    „Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството. Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството“, соопштија од Министерството за правда.

    Оттаму додаваат дека испратиле барање до Судскиот совет да ги достави на увид записникот од вчерашната седница како и усвоениот дневен ред.

    На вчерашната седница на Судскиот совет, спротивно на законот и деловникот беше разрешена претседателката Весна Дамева, на предлог на нејзиниот заменик Селим Адеми.

    Денеска, немаше мнозинство во Советот за избор на нов претседател.

    Претседателот Пендаровски реагираше дека вакви сцени не му доликуваат на Судскиот совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира