МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ЕМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ)

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ЕМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

    Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) од полноќ забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови. Причината на забраната за емитување музика од македонски автори, според ЗАМП е „повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП, што е нонсенс“.

    Oрганизацијата СОКОМ-МАП, основана од Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, по забраната го повика Министерството за култура итно да му  ја одземе лиценцата на ЗАМП, и да овозможи непрeчено користење на делата на македонските автори од радиодифузните организации.

    Во вчерашното соопштение, ЗАМП рече дека знае оти забрана не е решение на проблемот но со тоа се бори со незаконските одлуки на државните институции.

    „Последно што побара ЗАМП е Владата да ја одложи постапката околу лиценците до донесувањето на измените во Законот за авторското право, на што е обврзана Република Македонија со Директива на Европската Унија. Меѓутоа, и на тоа се оглушија. Целта им е да ги разделат авторите и да стават рака врз парите што ги прибира Здружението. Затоа новото здружение СОКОМ МАП стана инструмент во рацете на Министерството за култура“, соопшти ЗАМП.

    Според неофицијални информации, Владата денеска ќе го разгледува тарифникот на СОКОМ-МАП.

    СОКОМ-МАП изјави дека во соопштението на ЗАМП „се изнесени бројни невистини информации во врска со нашата организација, во која пристапија голем број автори незадоволни од работата на стручната служба на ЗАМП. Ова е уште еден обид на ЗАМП за вршење притисок врз надлежните институции со цел оневозможување на функционирањето на СОКОМ-МАП и дејствување на сите незадоволни автори кои утврдиле и пријавиле бројни неправилности во нејзината работа. Недозволиво е стотина автори да носат одлука во име на сите 6.000 македонски автори и носители на авторски права“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира