МИТКО ЈАНЧЕВ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ МИЦКОСКИ ПРЕД ПАЛАТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, ПАНДОВ СЕ ЗАКАНИ СО КОНТРАПРОТЕСТ

    МИТКО ЈАНЧЕВ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ МИЦКОСКИ ПРЕД ПАЛАТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, ПАНДОВ СЕ ЗАКАНИ СО КОНТРАПРОТЕСТЈанчев го повика членството пред седиштето на партијата во понеделник во 19 часот на протест за оставка на лидерот Христијан Мицкоски. (Фото:СДК.МК)

    Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го повика членството на протест против лидерот на партијата Христијан Мицкоски во понеделник, зашто тој и покрај изборните порази во серија, не сака да си даде оставка.

    Откако Јанчев го напиша повикот на Фејсбук профилот, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов објави дека ќе му направи контрапротест, со членови од ВМРО-ДПМНЕ.

    Еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе!“, напиша Пандов.

    Јанчев го организира протестот на платото пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во 19 часот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира