МИЦКОСКИ ГИ ДРЖИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ЗАЛОЖНИШТВО, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ОТКАКО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ ДЕКА ПОЛУКРИМИНАЛНИ ГРУПИ ВРШАТ ПРИТИСОЦИ

    МИЦКОСКИ ГИ ДРЖИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ЗАЛОЖНИШТВО, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ОТКАКО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ ДЕКА ПОЛУКРИМИНАЛНИ ГРУПИ ВРШАТ ПРИТИСОЦИЗапрашан дали Алијансата на Албанците ќе влезе во Владата, тој рече дека за сите партии кои се за европска Македонија, вратите се отворени. (Фото: СДК.МК)

    Нити јас, нити било кој друг претседател на СДСМ претходно, не сме им барале меници на пратениците, нити изјави заверени на нотар, како што тоа го барал Мицкоски и неговите претходници се со цел да може да ги држи во заложништво, исто како што самиот тој е во заложништво на Апасиев, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дадени на Водици во Охрид дека полукриминални групи на СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратеници кои се за предвремени избори.

    „Не знам каков е тој израз, има или криминални или чесни структури. Во СДСМ има чесни структури, а на Мицкоски ова му е трета лага. Пред една година шеташе по Собранието, велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа вечерта го видовме на клиника. Пред Нова година пак го рече истото, за сега да каже полукриминални структури вршеле притисоци. Да му порачам дека не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат, согласно добиениот мандат и својата политичка позиција во политиката партија, туку парламентарното мнозинство ќе биде и поголемо од тоа што е денес“, рече Ковачевски денеска во Љубојно.

    Запрашан дали Алијансата на Албанците ќе влезе во Владата, тој рече дека за сите партии кои се за европска Македонија, вратите се отворени. Но, дека соработката со Алијансата треба да се направи на две основи, првата е програмска и политикичка, а втората е кадровска, а за тоа уште нема конкретни разговори.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира