Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини изразил загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми, соопшти партијата.
Мицкоски и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ разговарале за стратешките приоритети на Македонија, а тоа е полноправното членство во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми“, изјавил Мицкоски.
Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев денеска се сретнаа и еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан, европратениците Андреј Ковачев, Кнут Флекенштајн и генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопез Истуриз.