МИЦКОСКИ Ѝ СЕ ПОЖАЛИЛ НА МОГЕРИНИ ДЕКА НЕМА РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО, ОБРАЗОВАНИЕТО И ЕКОНОМИЈАТА

    МИЦКОСКИ Ѝ СЕ ПОЖАЛИЛ НА МОГЕРИНИ ДЕКА НЕМА РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО, ОБРАЗОВАНИЕТО И ЕКОНОМИЈАТАПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со сопартијците Александар Николоски и Влатко Ѓорчев пред канцеларијата на Европската народна партија во Брисел. (Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини изразил загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми, соопшти партијата.

    Мицкоски и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ разговарале за стратешките приоритети на Македонија, а тоа е полноправното членство во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Како претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми“, изјавил Мицкоски.

    Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев денеска се сретнаа и еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан, европратениците Андреј Ковачев, Кнут Флекенштајн и генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопез Истуриз.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира