МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ ПОБАРАА ОД ДРЖАВАТА ДА ГИ ЗАШТИТИ ОД АНТИВАКСЕРИТЕ КОИ ВО СКОПЈЕ ВИКАА ДЕКА ДОКТОРИТЕ СЕ УБИЈЦИ

    МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ ПОБАРАА ОД ДРЖАВАТА ДА ГИ ЗАШТИТИ ОД АНТИВАКСЕРИТЕ КОИ ВО СКОПЈЕ ВИКАА ДЕКА ДОКТОРИТЕ СЕ УБИЈЦИДемонстрантите ги сечеа и ги палеа маските (Фото: Ѓ. Личовски)

    Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, по протестот во Скопје на толпа против ковид-мерките и вакцините против коронавирусот која скандираше „Тие не се доктори, тие се убијци! Убијци, убијци!“, ги повика Лекарската комора и Министерството за здравство да се разбудат и да ја заштитат фелата.

    „Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од ковид. Ја повикуваме Лекарската комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Ако кој било наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира, ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, се закани оваа лекарска асоцијација со објава на официјалната страница на Фејсбук.

    Речиси никој од присутните не носеше маска. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лекарите на протестот пред Собранието во недела навечер беа нарекувани убијци, а новинарите платеници.

    Речиси никој од демонстрантите не носеше маски, а тие што носеа, ги запалија и ги сечеа со ножици.

    Неколку жени скандираа „Ајде сега Венко пуши ми го куров“, а потоа ја анализираа работата на лекарите и правеа експертиза за начините на кои се лекуваат пациентите.

    „Гори, пичка ти материна!“, пцуеше девојка додека ја палеше маската.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира