МНР ПОБАРА БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ ДА СЕ ОГРАДАТ ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ СПОТОВИ СО ОСВОЈУВАЧКИ СЛИКИ И ТОНОВИ КОН МАКЕДОНИЈА

    МНР ПОБАРА БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ ДА СЕ ОГРАДАТ ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ СПОТОВИ СО ОСВОЈУВАЧКИ СЛИКИ И ТОНОВИ КОН МАКЕДОНИЈАМинистерството за надворешни работи очекува официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од партиите. (Фото: Јутјуб)

    Министерството за надворешни работи реагираше денеска за предизборните спотови во Бугарија од страна на партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, во кој се изразуваат територијални претензии кон Македонија.

    Во еден од спотови има многу изјави на премиерот Зоран Заев за измисленото бугарско прашање, со него „полемизира“ Каракачанов. Кај што зборува Заев, тече превод од македонски, на бугарски јазик.

    „Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме“, реагираше утрово МНР.

    Министерството очекува „официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“. Изборите во Бугарија се в недела.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира