МНР ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ПАТУВА КОН АТИНА ПО ПОЖАРИТЕ ВО КОИ ЗАГИНАА 50 ЛИЦА

    МНР ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ПАТУВА КОН АТИНА ПО ПОЖАРИТЕ ВО КОИ ЗАГИНАА 50 ЛИЦА„Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, велат од МНР (Фото: Ројтерс)

    Засега македонски државјани не побарале помош во македонската канцеларија за врски во Грција по големите шумски пожари што избувнаа ноќеска северно и западно од Атина и во кои загинаа 50 лица а над 100 се повредени, соопшти Министерството за надворешни работи.

    МНР препорачува македонските државјани да избегнуваат патување во областа Атика во околината на Атина.

    „Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, велат од МНР.

    Од досегашните податоци бројот на мртво во најголемата огнена криза во Грција во последните десетина години бројот на загинати е 50, а повредени се 104 луѓе од кои 11 критично. Межу жртвите 16 се деца.

    Најголем број жртви се најдени во близина на селото Мати, на 30 метри од плажата.

    „Тие се обиделе да избегаат со своите деца, но не успеале“, кажа Никос Економопулос од грчкиот Црвен крст.
    Грчките власти побараа меѓународна помош во хеликоптери и пожарникари и сѐ уште се трага по десет туристи кои со брод избегале од еден пожар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира