МОБИЛНА АМБУЛАНТА ЗА БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ ЗА ЦРН ДРОБ ОД ДЕНЕС ДО 6 АВГУСТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО 10 ГРАДОВИ

    МОБИЛНА АМБУЛАНТА ЗА БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ ЗА ЦРН ДРОБ ОД ДЕНЕС ДО 6 АВГУСТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО 10 ГРАДОВИМобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб утринава беше на Плоштадот Македонија во Скопје, ќе продолжи и попладне. (Фото: К. Попов)

    Од денеска, прво во Скопје, а наредните денови во десет градови низ земјата почнува Националната кампања за бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.

    Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.
    утринава беше на Плоштадот Македонија во Скопје, ќе продолжи и попладне, а од утре продоложува во поголемите градови по следната агенда:
    29 јули Плоштад Македонија
    – 17:30 – 19:30
    30.07.2024 – Гостивар и Тетово
    – Гостивар (Градски плоштад)
    – 09:00 – 11:00

    – Тетово (Градски плоштад)
    – 17:30 – 19:30
    31.07.2024 – Штип и Струмица
    – Штип (Градски Плоштад)
    – 09:00 – 11:00
    – Струмица (Градски плоштад)
    – 17:30 – 19:30
    05.08.2024 – Струга и Охрид
    – Струга (Градски Плоштад)
    – 09:00 – 11:00
    – Охрид (Градски Плоштад)
    – 17:30 – 19:30
    06.08.2024 – Битола и Кавадарци
    Битола (Градски плоштад)
    – 09:00 – 11:00
    – Кавадарци (Градски Плоштад)
    – 17:30 – 19:30

    „Наш фокус е превенцијата и токму целта на оваа кампања е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб“, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

    Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија д-р Мери Трајковска кажа дека секој ден во светот умираат по 3.400 луѓе од хронична инфекција со хепатит, а директорот на Инфективна клиника д-р Фадил Цана рече дека хепатитот е тивка епидемија и дека треба да се подигне свенсоста за рана превенција.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира