МОГЕРИНИ ПРЕДУПРЕДИ НА ГЕОПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТ АКО ИВАНОВ НЕ ЈА СМЕНИ ОДЛУКАТА ЗА МАНДАТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОГЕРИНИ ПРЕДУПРЕДИ НА ГЕОПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТ АКО ИВАНОВ НЕ ЈА СМЕНИ ОДЛУКАТА ЗА МАНДАТОТ

    Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини побарала од претседателот Ѓорге Иванов да ја промени одлуката и да му го даде мандатот на Зоран Заев затоа што така е запишано во Уставот. Италијанската дипломатка, која вчера беше во куса посета на Скопје, му укажала на Иванов дека никаде во демократскиот свет не може на парламентарното мнозинство, кое го претставува мнозинството на граѓаните во унитарна држава да не му се дозволи да формира влада – тоа е спротивно на демократските принципи и спротивно на евроатлантските вредности.

    Могерини ги предупреди и лидерите на политичките партии да ја омекнат реториката за да не ескалира ситуацијата.

    „Сите политички лидери имаат одговорност да ја омекнат реториката и да не дозволат ситуацијата да прерасне во меѓуетнички или геополитички конфликт. Ова е комплексна земја, во комплексен регион и не ни е потребен оган“, рече Могерини, додавајќи дека Македонија не е изложена на надворешни закани, туку на внатрешни сериозни проблеми.

    Таа изрази надеж дека политичките лидери ќе изнајдат решение, согласно Уставот и на одговорен начин ќе ја извлечат земјата од криза.

    Додека траеа разговорите на Могерини во Скопје, стигна соопштение од Москва со поддршка за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.  Руското министерство за надворешни работи го обвини Западот дека предизвикува ерозија на уставните темели во земјата.

    „Сакаме да потсетиме дека на предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, одржани на инсистирање на ЕУ и САД, победи владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот и албанското малцинство сакаат на власт во Скопје да ја доведат поразената опозиција, прифаќајки ги ултиматумите на Албанците, што предизвикува ерозија на уставните темели во земјата“, велат од руското МНР.

    Разочарани од одлуката на Иванов да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ се и САД. И амбасадорот Џес Бејли вчера го повика претседателот да ја преиспита одлуката.

    „САД беа разочарани кога дознаа дека претседателот Иванов одби да му го даде мандатот на претставникот на јасното политичко мнозинство и да му даде можност да формира влада. Сметаме дека ова не е конзистентно со основните демократски принципи и со владеењето на правото, кои се клучни вредности на НАТО. Како стратешки партнери на Македонија и како пријатели, со цела почит кон суверенитетот и кон унитарноста на Македонија, го повикуваме Иванов повторно да ја разгледа одлуката. Ги повикуваме соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на висока политичка сензитвност“, рече Бејли.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира