МОЖЕ ДА НЕ ГИ САКАТЕ ЗАЕВ, МИЦКОСКИ И АХМЕТИ, НО ИЗЛЕЗЕТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ГЛАСАЈТЕ „ЗА“, ПОВИКАА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ПРВИОТ ПАРЛАМЕНТ

    МОЖЕ ДА НЕ ГИ САКАТЕ ЗАЕВ, МИЦКОСКИ И АХМЕТИ, НО ИЗЛЕЗЕТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ГЛАСАЈТЕ „ЗА“, ПОВИКАА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ПРВИОТ ПАРЛАМЕНТВо заедничката изјава, тие како претставници на граѓаните избрани во првиот Парламент на независна Република Македонија, кои ги ставиле темелите на независноста, ја изгласале декларацијата за независност, декларацијата за влез во НАТО и во ЕУ, одлуката за распишување на референдум во 1991 година како и донесување на првиот Устав на независна и суверена држава Република Македонија ги повикаа граѓаните да гласаат „за“. (Фото: К. Попов)

    Триесетина пратеници од првиот пратенички состав на Собранието од различни политички партии ги повикаа граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат „за“.

    Во заедничката изјава, тие како претставници на граѓаните избрани во првиот Парламент на независна Република Македонија, кои ги ставиле темелите на независноста, ја изгласале декларацијата за независност, декларацијата за влез во НАТО и во ЕУ, одлуката за распишување на референдум во 1991 година како и донесување на првиот Устав на независна и суверена држава Република Македонија ги повикаа граѓаните да гласаат „за“.

    „Во 1993 година, приемот на Република Македонија во Обединетите нации беше условен со прифаќање на Привремената спогодба со Република Грција и мислиме дека не погрешивме. Тогаш исто можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но без референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега? Денеска, нашето членство во Алијансата и во ЕУ е повторно условено со прифаќање на уште една спогодба со Грција. Мислиме дека ако го направиме истото повторно нема да погрешиме. Затоа, ние уставотворците, имаме право да ве повикаме Вас, граѓаните на Република Македонија заедно да направиме уште еден вистински чекор во вистинско време“, рече Алил Џаферовски, пратеник во првиот собраниски состав во име на другите пратеници.

    Првите пратеници побараа граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември.

    „Вие со право можете СДСМ и Зоран Заев да ги почитувате или не, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ги почитувате или не, ДУИ и Али Ахмети да ги почитувате или не, како и сите други политички партии и лидери, но Македонија мора да ја сакате“, се вели во заедничката изјава.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира