МОЖЕ ДА СЕ СЛИКАТЕ СО МЕНЕ, ИМ РЕЧЕ КАТИЦА ЈАНЕВА НА ВМРО-ВСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОЖЕ ДА СЕ СЛИКАТЕ СО МЕНЕ, ИМ РЕЧЕ КАТИЦА ЈАНЕВА НА ВМРО-ВСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ

    Катица Јанева пред попладневната седница на Комисијата за политички систем ги викна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се сликаат со неа. Репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК јави дека Специјалната јавна обвинителка ја викна пратеничката Даниела Рангелова да седне до неа. Тие се гушнаа и позираа пред камерите што ја снимаат седницата. Потоа Рангелова стана и им се придружи на сопартијците. Бидејќи повеќето беа изненадени од потегот на специјалната обвинителка која два дена одговара на обвинувањата на пратениците од владејачката партија, таа со смеење им рече: „Ајде и вие можете да се сликате со мене“.

    Собранискиот канал на МТВ не врши директен пренос на комисиската расправа. Службите на Собранието претпладнево не и дозволија на интернет телевизијата Новатв да врши директен пренос. На новинарите им е дозволено да ја следат седницата само од балконот.

    Катица Јанева денеска побара Собранието да го укине членот од Законот за СЈО со кој истрагите се ограничуваат на 18 месеци. Таа побара и пратениците да ја прифатат нејзината иницијатива за измена на законот за заштита не сведоците.

    Седницата ќе трае до 23 часот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира