МВР СО ЧЕШКИ ПАРИ КУПИ КОЛИ ОД ДОНАТОР НА СДСМ ОД КУМАНОВО

    МВР СО ЧЕШКИ ПАРИ КУПИ КОЛИ ОД ДОНАТОР НА СДСМ ОД КУМАНОВОМинистерот Оливер Спасовски со чешкиот амбасадор Мирослав Томан на промоцијата на донираните автомобили во декември. (Фото: МИА)

    Со чешка донација од милион евра, Министерството за внатрешни работи лани без тендер купило 45 автомобили „шкода“ од фирма донатор на СДСМ, објави БИРН. Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово, која што се води во регистарот на донации на СДСМ за 2016 година.

    Чешка ги донираше парите во јуни 2017 година, а договорот со „Делукс-ауто“ за набавка на автомобили „Шкода октавија“ бил склучен во септември. Автомобилите беа промовирани од министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан во декември.

    Како што објави БИРН, место тендер, МВР ја искористило законската можност да преговара со фирми, без притоа да објави оглас, а како причина за тоа била наведена крајна итност за набавката.

    Покрај кумановската „Делукс-ауто“, покана за преговарање добиле уште три компании што продаваат возила, тоа се овластените увозници на „мерцедес“ – „МакАутостар“, „бе-ем-ве“ – „Маккар“ и „Порше Македонија“, која меѓу другото е овластен увозник на „шкода“, од каде што „Делукс-ауто“ и ги набавува возилата што ги продава.

    Од „Порше Македонија“ за БИРН велат дека целата постапка била транспарентна и затоа не поднеле жалба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира