МВР ГАРАНТИРА БЕЗБЕДНОСТ НА МАРШОТ НА ГОРДОСТА СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

    МВР ГАРАНТИРА БЕЗБЕДНОСТ НА МАРШОТ НА ГОРДОСТА СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕПортпаролот и помошник-министер за внатрешни работи Тони Ангеловски на денешната прес-конференција на организаторите на парадата на гордоста. (Фото: СДК.МК)

    МВР ја гарантира безбедноста на првиот марш на гордоста што треба да се случи следниот викенд (29 јуни) во Скопје, на кој се најавени учесници и од соседните и подалечни држави.

    Како што најави на денешната прес-конференција портпаролот и помошник-министер за внатрешни работи Тони Ангеловски, остро ќе се санкционира секое нарушување на безбедноста и насилство врз учесниците и поддржувачите на парадата.

    Минатогодишната парада на гордоста во Берлин. (Фото: СДК.МК)

    Кочо Андоновски од организацијата „Скопје прајд“, рече дека очекуваат меѓу 200 и 500 учесници на настанот, кој ќе почне во „Жена борец“, а ќе заврши на Школка во кај Градскиот парк. Тука ќе се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    Ангажирани се диџеи, ќе пее Тамара Тодевска и други естрадни уметници. Учесниците на парадата на гордоста ќе носат специјални алки со кои ќе покажат дека се учесници на маршот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира