МВР ГО ГОНИ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ОТИ БЕЗ ОДЛУКА НА ВЛАДА ПРОДАВАЛ ДРЖАВНИ СТАНОВИ

    МВР ГО ГОНИ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ОТИ БЕЗ ОДЛУКА НА ВЛАДА ПРОДАВАЛ ДРЖАВНИ СТАНОВИЕксминистерот се гони со уште три лица, нотар и двајца државни правобранители. - Миле Јанакиески пред Кривичниот суд (архивска фотографија)

    Прилепската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески до Основното јавно обвинителство Прилеп и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти МВР.

    Според МВР, Јанакиески без Одлука од Владата, која што била сопственик на два стана во т.н. „пензионерска зграда“ во Прилеп, како овластен застапник на Владата, склучил договори за купопродажба на становите со лицата З.А. и Д.Р., кои ги користеле становите врз основа на решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци како и Сојуз на пензионери.

    Ексминистерот се гони со уште три лица, нотар и двајца државни правобранители, дека им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија за 42 илјади евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира