СЈО ГИ ЗЕЛО ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

    СЈО ГИ ЗЕЛО ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

    Истражителите ноќеска влегле во просториите на Централниот регистар и ги зеле документите кои им требале за истрага, потврдија утрово од Специјалното јавно обвинителство. Во текот на денот ќе следи соопштение за истрагата на СЈО.

    Во просториите на Централниот регистар ноќеска бил присутен и директорот на оваа институција.

    Припадниците на МВР и специјалната единица Алфи синоќа го обезбедуваа влезот на Централниот регистар во Скопје откако вчера доцна попладне Специјалното јавно обвинителство го известило раководството на институцијата дека ќе ги посети.

    SJO vo centralen register (2) Од Специјалното јавно обвинителство синоќа известија дека ќе останат пред зградата на Централниот регистар до почетокот на работното време, за да бидат сигурни дека во текот на ноќта нема да се изнесат или уништат некои документи.

    Утрово Централниот регистар работи нормално и отворени се сите шалтери.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари