МВР ИМА КУРШУМИ САМО ЗА 4 СААТИ, ГО ИНФОРМИРААТ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ПРЕД 27 АПРИЛ

    МВР ИМА КУРШУМИ САМО ЗА 4 СААТИ, ГО ИНФОРМИРААТ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ПРЕД 27 АПРИЛСпоред пораките прикажани на судењето за 27 април, долгогодишниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски најмноги комуницирал со пратеникот и сопартиец Димитар Стевананџија. - Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Вељаноски и Стевананџија не се меѓу обвинетите на судењето за 27 април. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд Скопје 1 продолжуваат да се прикажуваат смс и вибер пораки од телефонот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    Вељаноски му пишува на Стевананџија на 18.03.2017: „Многу јаки сте прилепчани, уште ќотек да им дадете на комуњариве“.

    Стевананџија му праќа четири слики со лидерите на протестите во Прилеп и пишува: „Не дозволувајте да ве злоупотребуваат криминалци и убијци“.

    „Видов“, вели Трајко, па бара од Стевананџија дупли ќотек да има.

    Допишува: „Ќе молчите“.

    „Да (смајли). Мумии. Како Талат“.

    Трајко: „Животот е тркало. Што правиш, тоа ќе ти прават“.

    Стевананџија: „Само повеќе музика и поезија со звучник на блутут“.

    Трајко: „Да грми! Душмани едно запаметете.“

    „Ќе биде многу интересно“, вели Трајко.

    „Битно од вторник воланот да се подмачкува, конзервира и директ в сеф!“, допишува Трајко во нова порака.

    Стевананџија му пишува на 18.03.2017 на Трајко дека се спремни.

    „Како е Деки?“, прашува Трајко на 19.03.2017.

    „Договоривме треба да се притиска за што помасовно. Од школи до градинки“, му одговара Деки.

    Се договараат протестите да бидат порадикални, бидејќи немало друг избор.

    „Јас да сум, ги вадам списоците од 2006 наваму и сè живо на улица. Лица средени, а ги нема во ниеден ОК на ВМРО-ДПМНЕ“, озборува Дејан пред Трајко.

    „Скопје може да појача. Малце да се зажустри. Мора порадикално“, му пишува Дејан на Трајко.

    Потоа во друга порака по вибер го информира Трајко: „Залихи на муниција во МВР има само 35 илјади куршуми, или само 4 часа дејствување. Овој шиптаров ги има закочено сите набавки. Исто и за залихите со храна. Кумашинот е таму шеф, па да го знаете“.

    На 26.07.2017 Груевски му препраќа на Трајко порака што ја добил од Митко Чавков, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста: „Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив инфо од лојален колега Албанец дека денес околу 13 часот се планира нешто од другата страна, дали инцидент, дали со сила изгласување на претседател. Во моментов немам повеќе информации“.

    Почнува паранојата дека скришум новото парламентарно мнозинство на СДСМ и ДУИ ќе избере претседател на Собранието.

    Трајко праќа порака до Стевананџија: „Кај се комуњариве?“.

    Овој му враќа: „Беа сите во клубов, плус Талат“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира