МВР ЌЕ ВРАБОТУВА 600 ПОЛИЦАЈЦИ

    МВР ЌЕ ВРАБОТУВА 600 ПОЛИЦАЈЦИСпоред огласот, најмногу полицајци - 150 ќе се вработат во Скопје, 70 во Охрид, 50 во Струмица, 20 во Велес и по 10 во Битола, Тетово, Штип и Куманово.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 нови полицајци. Според огласот најмногу полицајци – 150 ќе се вработат во Скопје, 70 во Охрид, 50 во Струмица, 20 во Велес и по 10 во Битола, Тетово, Штип и Куманово. Предвидено е 270 полицајци да се вработат и во регионалните центри за гранични работи.

    „Кандидатите треба да се полнолетни, а ако досега не биле вработени не треба да бидат постари од 25 години. Активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование“, се вели во огласот објавен од Министерството за внатрешни работи.

    Рокот за доставување на пријавите е 15 дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари