МВР НЕ НАШЛО ТРАГИ НА ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ВО ПОЖАРОТ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ, СЕ ТРАГА ПО 60-ГОДИШНАТА ЖЕНА ШТО СЕ СМЕТАШЕ ЗА МРТВА

    МВР НЕ НАШЛО ТРАГИ НА ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ВО ПОЖАРОТ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ, СЕ ТРАГА ПО 60-ГОДИШНАТА ЖЕНА ШТО СЕ СМЕТАШЕ ЗА МРТВАОткако партнерот на 60-годишната жена кажа дека таа останала во куќата откако ја зафатл пожарот, извршен е увид на терен. (Фото: Општина Старо Нагоричане)

    Екипите на Министерството за внатрешни работи по направениот увид во опожарената куќа во селото Челопек, Старо Нагоричане не нашле траги на починато лице. Откако партнерот на 60-годишната жена кажа дека таа останала во куќата откако ја зафатил пожарот, извршен е увид на терен.

    „Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги“, велат од МВР.

    На вчерашната прес-конференција и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кажа дека починала жена во пожарот во Старо Нагоричане и изрази сочуство за семејството.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира