АМДИ БАЈРАМ ЗА АХМЕТИ И МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА БЕГААТ ОД СТРАВ ДА НЕ СЕ ДОГОВОРАТ НЕШТО СО МАЛИТЕ ПАРТИИ

    АМДИ БАЈРАМ ЗА АХМЕТИ И МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА БЕГААТ ОД СТРАВ ДА НЕ СЕ ДОГОВОРАТ НЕШТО СО МАЛИТЕ ПАРТИИПратеникот Амди Бајрам ги искритикува и Христијан Мицкоски и Али Ахмети, кои не дојдоа на дебатата за изборниот модел. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на Сојуз на Ромите и пратеник Амди Бајрам на попладневната тркалезна маса од која тргна Иницијативата на 15 пратеници од повеќе мали партии застапени во Парламентот, за една изборна единица, ги критикуваше лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ВМРО-ДПМНЕ што не дојдоа на расправата.

    Гледајќи во лидерот на СДСМ Зоран Заев тој му објасни зошто ги нема Ахмети и Мицкоски.

    „Знаете ли зошто не избегаваат они двајца? Се плашат да не одлучиме ние овде нешто, ете затоа не доаѓаат“, рече Бајрам.

    „Јас сум пратеник со најдолг мандат овде во Парламентот. Многу работи знам, најдолго сум овде. Нè има сегде нас Ромите, а едвај само еден пратеник, и тоа само во втората изборна единица можеме да извадиме“, го критикуваше тој сегашниот изборен  пропорционален изборен модел со шест изборни единици, кој никако не им одговара на малите политички партии.

    Амди имаше забелешка и за претседателот Стево Пендаровски, кој за битни прашања не ги консултирал и не ги викал малите партии.

    „Не може да бидете за некои мајка и татко, а за други маќеа и очув”, реагираше Амди Бајрам.

    Заев го дополни дека со овој модел се врши брутална кражба на гласовите на малите партии кои се распоредуваат потоа кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ како најголеми партии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира