На 11 февруари Собранието ќе одржи седница за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Дотогаш се очекува Протоколот да биде ратификуван и од Шпанија откако вчера Владата побара од Парламентот да биде ратификуван по итна постапка.
Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во Собрание би била донесена со одложено дејство.
Следниот ден, на 12 февруари, ќе се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.
Шпанија е последната од 29 земји членки кои досега го немаат ратификувано Протоколот за членство на Македонија во НАТО.