НА 2 ЈАНУАРИ ГРАДИНКИТЕ ЌЕ РАБОТАТ СО ДЕЖУРСТВА, ВЛАДАТА ИМ ПРЕПОРАЧУВА НА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ И НА ОПШТИНИТЕ ДА ПРОГЛАСАТ НЕРАБОТЕН ДЕН

    НА 2 ЈАНУАРИ ГРАДИНКИТЕ ЌЕ РАБОТАТ СО ДЕЖУРСТВА, ВЛАДАТА ИМ ПРЕПОРАЧУВА НА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ И НА ОПШТИНИТЕ ДА ПРОГЛАСАТ НЕРАБОТЕН ДЕНВо однос на приватниот сектор и единиците на локална самоуправа Владата им препорачува да го следат примерот по одлуката на Владата втори јануари да биде неработен ден. (Фото: СДК.МК)

    Од Министерството за труд и социјална политика најавуваат дека градинките на втори јануари ќе работат со дежурства, по одлуката овој ден да биде неработен ден за вработените во јавната администрација.

    „Со одлуката на Владата втори јануари е прогласен за неработен за вработените во јавната и државната администрација, што значи дека здравствените работници и останатите служби кои функционираат по принцип на дежурства, така и ќе работат. Во однос на приватниот сектор и единиците на локална самоуправа Владата им препорачува да го следат примерот по одлуката на Владата втори јануари да биде неработен ден“, велат од Владата.

    Министерството за труд и социјална политика велат дека градинките ќе работат по принципот на дежурства, со оглед на тоа дека Владата препорачува, а не обврзува овој заклучок да важи и за приватниот сектор.

    „Со оглед на тоа дека на втори јануари е можно да биде работен ден за приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, ги информиравме градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Потребно е благовремено да ги известите родителите во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира