НА 2 ЈАНУАРИ ЌЕ РАБОТАТ ДРЖАВНИТЕ БОЛНИЦИ, НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАКАЖАНИТЕ ТЕРМИНИ ЗА ПРЕГЛЕДИ И ОПЕРАЦИИ

    НА 2 ЈАНУАРИ ЌЕ РАБОТАТ ДРЖАВНИТЕ БОЛНИЦИ, НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАКАЖАНИТЕ ТЕРМИНИ ЗА ПРЕГЛЕДИ И ОПЕРАЦИИ„Граѓаните кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини“ - операциона сала во „8 Септември“ - (архивска фотографија - фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за здравство соопшти дека 2 јануари 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, иако Владата прогласи неработен ден за државната и јавната администрација и им препорача на приватните компании исто така да не работат.

    „Граѓаните кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини“, велат од Министерството за здравство.

    По одлуката на Владата на последната седница да го прогласи 2 јануари за неработен ден за јавната администрација, иако законски тој ден не е празник, вработените во приватните компании реагираа дали и како ќе работат градинките, односно дали ќе има каде да ги остават децата.

    Министерството за труд и социјална политика излезе со соопштение дека ќе има дежурни градинки, односно дека ги информирало градинките да ја организираат работата и во еден од објектите да овозможат згрижување на децата и за тоа навреме да ги известат родителите.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира