НА 23 ФЕВРУАРИ ПРЕСУДА ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО, ОБВИНИТЕЛКАТА ФЕТАИ И АДВОКАТОТ РАУФИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ РАЗГОРУВА НАЦИОНАЛИЗМОТ

    НА 23 ФЕВРУАРИ ПРЕСУДА ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО, ОБВИНИТЕЛКАТА ФЕТАИ И АДВОКАТОТ РАУФИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ РАЗГОРУВА НАЦИОНАЛИЗМОТДенеска на судењето за „Монструм“ беа завршните зборови на одбраната, останува уште пресудата. (Фото: МИА/принтскрин)

    Обвинетите во случајот „Монструм” и нивните адвокати ги дадоа завршните зборови со кои побараа ослободителна пресуда за петкратното убиство кај Смиљковско езеро во април 2012 година.

    При дадената можност и обвинителите да додадат ако имаат нешто, Фатиме Фетаи се осврна на дезинформациите и злоупотребата, како што рече, кажани денеска од адвокатот Насер Рауфи, дека клиентот Фејзи Азири за обвинителството е терорист, зашто бил припадник на УЧК.

    „УЧК! Дали овој збор некогаш сте чуле да го употребам јас или кој било друг во оваа постапка? Не. Никој не е овде обвинет за учество во УЧК, ниту кому било му е влошена состојбата во оваа постапка зашто бил во УЧК. Ова го кажувам како реакција на адвокатот Насер Рауфи кој изврши злоупотреба на можноста да даде денеска завршен збор. Тој  со овие невистини може само да разгорува националистички страсти, ништо повеќе. Сакам и на обвинетиот Африм Исмаиловиќ да му кажам нешто. Обвинителството не е орган што суди. Ние ги дадовме аргументите и доказите, како што денес одбраната го направи со своите. Судот го има последниот збор, а не обвинителството”,  рече Фетаи.

    На ова стана Рауфи и рече: „Обвинителката Фетаи е во право. Да не ги разгоруваме страстите”.

    Пресудата ќе биде изречена на 23 февруари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира